Влезот на Финска во НАТО ја покажува потребата Алијансата да ги „ревидира сите стратегии“, оцени украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во обидот да лобира за идното членство на неговата земја, јави ДПА.

 

Честитајќи и го приклучувањето на Финска, Кулеба рече дека решението за осигурување на безбедноста на Алијансата е „евентуалното членство на Украина во НАТО“.

 

Говорејќи покрај генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Кулеба ја повика Алијансата да ја забрза испораката на артилерија, муниција и тешки возила за „успешна контраофанзива“ против Русија.

 

Украинскиот министер за надворешни работи изрази благодарност до Столтенберг за организирањето на Комисијата НАТО-Украина, иако Унгарија имаше приговори. Министерот истакна дека комисијата е значајна во симболичен, политички и практичен контекст.