Украинскиот министер денеска се сретна со рускиот министер Сергеј Лавров во Анталија, Турција, каде што беа пречекани од турскиот министер за надворешни работи Мехмет Чавушоглу.
По средбата беше одржана прес-конференција на која Кулеба рече дека дошол на состанокот за да се најде решение.
Ќе се сретнеме повторно во овој формат доколку има шанса за решенија. Кога ќе се сретнат двајцата министри, се бара решение, а тоа е мандатот што им го дадоа лидерите и јас сум подготвен да продолжам со оваа цел да ја запреме војната во Украина и страдањата на украинските цивили и да ја ослободиме нашата територија од руските окупатори“ – рече Кулеба.
Кулеба рече дека на средбата дошол со хуманитарна цел, да ја напушти средбата со одлука за уредување хуманитарен коридор до и од Мариупол.
Тој додава дека не постигнале договор со Лавров.