Украина не предвидува никаква алтернатива за компензација за суспендираната американска воена помош за нејзината војна против Русија и е уверена дека американскиот Конгрес ќе го одобри ослободувањето на помошта, изјави синоќа министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
Немаме план Б. Уверени сме во планот А. Украина секогаш ќе се бори со ресурсите што ѝ се дадени, рече Кулеба во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека она што ѝ се дава на Украина е инвестиција во одбраната на НАТО и во одбраната на просперитетот на американскиот народ.
Кулеба рече дека ако Русија победи во конфликтот долг повеќе од 22 месеци, „другите лидери ќе бидат во искушение да ги следат стапките на Русија.
Барањето на американската влада за дополнителни 61 милијарда долари за поддршка на Украина е заглавено во американскиот Конгрес, каде републиканците велат дека тоа мора да биде придружено со построга контрола на имиграцијата долж границата меѓу САД и Мексико.