Украина сака да има место во Европската унија, иако за полноправно членство може да биде потребно време, изјави министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба во Берлин.

-Не станува збор за што поскоро пристапување на Украина во ЕУ. Но, тоа што е многу важно за нас е ова место да биде резервирано за Украина, изјави тој за германската телевизија АРД.