По средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Варшава, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека американската страна ветила дополнителна помош во оружје и опрема.
– Денеска добивме нови ветувања од САД за иднината на нашата соработка во подрачјето на одбраната, изјави Кулеба пред новинарите во Варшава.
– Ниту една друга земја не и пружила толкава помош на Украина како Америка, додаде тој.
– Истрајноста на Украина и западното оружје, главно американското оружје – тоа е рецептот за успех на бојното поле, рече Кулеба.