Ѕвездата на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Дејан Кулушевски, по напорната сезона дојде на летен одмор во Охрид. Неговите родители имаат потекло од охридското село Орман, а тој реши дел од одморот да го помине во Македонија и да ужива во убавините на охридското крајбрежје.
Кулушевски во минатото настапуваше за младинската репрезентација на Македонија до 17 години, но потоа избра да игра за сениорскиот национален тим на Шведска. Тој е роден во Стокхолм, а неговите родители потекнуваат од охридскиот регион.
Крилниот играч блесна во Парма, потоа направи трансфер во Јувентус, а сега е член на Тотенхем.