Како што соопшти полицијата, денеска СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Ц.(26) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

На 30.11.2022 во 10.41 часот на интернет страната на еден медиум, објавил коментари со кои промовирал омраза, соопшти македонската полиција.