Кумановец пријавил во полиција дека бил нападнат од две лица во угостителски објект во центарот на градот.
-Вчера во 13.20 часот во СВР Куманово, Д.Б.(35) пријавил дека на 26.01.2022 околу 23.00 часот во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово бил физички нападнат од Г.Е. и уште едно лице, соопштија од СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.