24-годишен кумановец отворил фирма и работел како менувачница, без да има извадено лиценца или решение од Народната банка, соопшти полицијата.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.К.(24) и правно лице – менувачница од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари”. Првопријавениот, во својство на управител регистрирал фирма, без притоа да обезбеди лиценца или да обезбеди решение од Народната банка на Република Северна Македонија за правното лице. При извршена контрола во правното лице биле пронајдени ефективни странски валути и денари, кои ги употребувал за реоткуп“, пишува во полицискиот билтен.