Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот. Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението.