Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 40-годишниот С.Д. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ по член 268 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи.
– Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 2.000 денари и на 10.03.2022 ја употребил при купување гориво на бензинска станица во Скопје, појаснија од Министерството.