Вчера попладне десетина минута пред 17 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека во фабрика во Куманово со повреди од струен удар се здобил 44 годишен жител на Куманово со иницијали Д.Г. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде лекарот му констатирал смрт.

„Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството“, соопштија од Министерството за внатрешни работи Тетово.