– Вчера од 16:00 до 24: 00 часот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 44 возачи, соопштија денеска од СВР Куманово.
Засилените сообраќајни контроли најавија од полицијата ќе продолжат и наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и граѓаните заеднички да придонесат за посигурни патишта.