– Во текот на вчерашниот ден од 12.00 до 16.00 часот на територија на СВР Куманово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се четири возачи. При контролата три возила се исклучени поради неисправен уред за запирање и едно за неисправни светлосно сигнални уреди, соопштија од полицијата.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и наредните денови, информираше полицијата и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.