– Во овој момент СДСМ е едно клиентелистичко друштво коешто не може да произведува политики и каде се е оставено на неколку луѓе од врвот на партијата да одлучуваат и да кројат политика, посочи Куновска.

Таа вели дека не постојат функционални тела во партијата.

Проблемот е што мојата сопствена партија ми ги одзема соништата за тоа какво општество треба да градиме, вели Куновска.

Таа објасни дека СДСМ на власт го има преземено феноменот на „груевизам“ и не очекува да има успех на следните избори затоа што луѓето се во апатија и ќе бараат различен избор и протестни ноти да упатат против лошите политики.