Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека нема да се сретне со албанскиот премиер Еди Рама за време на неговиот престој на Косово на средба што не е дел од состанокот на двете влади.

Курти на конференцијата одржана по седницата на Владата посочи дека смета оти Рама неоправдано ја откажал средбата меѓу двете влади и дека со него може да се сретне само во рамки на таква средба.

„Подготвен сум да се сретнам со премиерот Еди Рама како дел од состанокот на двете влади, не без оваа средба“ – рече Курти.

Според него, за односите меѓу Косово и Албанија е важна средбата меѓу двете влади, а не средбата меѓу него и Рама.

„Затоа ми е неопходна средба меѓу двете влади. Доколку премиерот на Албанија Еди Рама инсистира да се откаже средбата на двете влади, тогаш ќе се задржам на ставот што му го дадов, дека имаме директен контакт за средби меѓу нас двајца, дека се среќаваме многу често“, рече Курти. .

Според него, во двете години колку што бил на чело на Владата на Косово имал десет средби со Рам, дека смета дека е неопходна средба меѓу двете влади, но не и други средби.

Најавено е дека Рама утре ќе престојува во Приштина како дел од балканската турнеја како подготовка за следниот Самит во рамките на Берлинскиот процес што ќе се одржи во октомври во Тирана.

Курти рече дека побарал од Рама средба меѓу двете влади додека тој престојува во Приштина.