Албин Курти, премиер на Косово, официјално поднесе оставка од својата премиерска функција. Тоа го соопшти преку писмо испратено до Секретаријатот на косовското Собрание. Во писмото, Курти ја образложи својата одлука. Според законските и уставните одредби кои се однесуваат на пратениците што истовремено имаат извршни функции.
Парламентарни избори во Косово: Дали Албин Курти ќе ја задржи власта?
Курти ги почитува законите кои предвидуваат дека лица што се избрани за пратеници, а истовремено вршат функции како премиер, министер или вицепремиер, мора да поднесат оставка од извршната власт. Оваа одлука следува по завршувањето на четиригодишниот мандат на неговата влада на 23 март, кога таа функционира како техничка влада во оставка.
Курти го потврди својот избор на пратеник. Официјално ќе поднесе заклетва во деветото свикување на Собранието на Косово. Неговата оставка од премиерската функција стапува во сила од датумот на поднесување, согласно со Уставот и законите на Косово.
Со ова, Косово ја започнува постапката за ново законодавно тело, а Курти ќе продолжи својата политичка кариера како пратеник во Собранието.
Извор: Mиа