Албин Курти, премиерот на Косово в петок, два дена пред промоцијата на новата партија на Изет Меџити, доаѓа во посета на Тетово и на скопската општина Чаир. Домаќини ќе му бидат градоначалниците Билал Касами од Беса и Висар Ганиу.

Планирано е Касами и Курти да го посетат и селото Вејце, каде ќе ја промовираат идејата за поврзување на Тетово и Призрен со регионален пат. Посетата на Курти на Тетово е повод и за културно-забавната манифестација на плоштадот на која настап ќе има и познатиот бенд „Елита-5“.

Во Чаир Курти ќе има средба со Ганиу, но и со Изет Меџити, основач на новата политичка партија Демократско движење. Курти во Чаир ќе присуствува и на свеченото отворање на улицата која го носи името на албански патриот и деец Адем Демачи. На средбата со Меџити ќе се разговара за планираните активности на новата политичка партија.