Богданка Кузеска портпаролката на СДСМ по завршување на гласањето изјави дека ги очекуваат првичните резултати и се заблагодари на сите граѓани кои гласале за Стево Пендаровски.

 

„Денес беше мирен и успешен изборен ден, а изборите беа фер и демократски. Имаше одредени неправилности, но тие се незначителни за овој изборен процес. Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни. Благодарност за граѓаните кои го дадоа својот глас за Стево Пендаровски, а волјата на граѓаните ќе одлучи кон кој пат ќе одиме понатаму. Ги очекуваме првичните резултати“, изјави Кузеска.