Ракометарите на Македонија утре ќе го одиграа вториот дуел од овој циклус на квалификации за пласман на Европското првенство против селекцијата на Португалија нагости.

По поразот во Скопје, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се обидат во реваншот да направат сензација и да се вратат со триумф над противникот кој во четвртокот славеа со 29:23.

“Треба добро да го анализираме првиот дуел и да се поправиме на реваншот. Со играч повеќе мораме да имаме подобра реализација. Имавме два дена за добра анализа и ќе се бориме во Португалија, зошто да не дојдеме до победа. Дадовме максимум за Македонија и секогаш ќе биде така”, изјави Филип Кузмановски.

Мечот против Португалија се игра утре во Матошињош, а почетокот е закажан за 18 часот и 30 минути,