Обвинителството во Куманово соопшти дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Според истрагата, на 29 октомври осомничениот, возач на камион со ладилник со словенечки регистарски таблици, се обидел да пренесе 129,7 килограми марихуана преку границата.
Дрогата била скриена во 14 торби
Царинските службеници ја откриле дрогата при детална контрола на возилото, кое било во сопственост на транспортна компанија од Словенија.
Во полуприколката биле пронајдени 14 торби полни со марихуана, внимателно скриени меѓу товарот.
Обвинителството бара притвор
Јавниот обвинител поднел предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово, поради опасност од бегство и можност за влијание врз истрагата.
