Денеска нѐ очекува облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²).

На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места.

На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 3 степени во Mаврово до 9 во Гевгелија, а максималните дневни од 3 во Маврово и 13 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје облачно и студено претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.

Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 7 степени.

В недела претпладне наместа ќе провејува слаб снег, а во текот на денот сончево и студено со мала облачност. Ќе дува умерен, претпладне долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.