Руската инвазија има значително влијание врз економијата на еврозоната, а нејзиниот развој ќе зависи од тоа како ќе се развива конфликтот во иднина, изјави денеска на прес-конференци шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

-Ова влијае на економијата во Европа и пошироко. Конфликтите и несигурноста поврзана со нив, ја поткопуваат довербата на бизнисите и потрошувачите, рече таа.

-Економскиот развој во голема мера ќе зависи од развојот на конфликтот, влијанието на постоечките санкции и можните дополнителни мерки, потенцираше шефицата на ЕЦБ.