Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак изјави дека Црна Гора е најнапредна на нејзиниот европски пат, но дека процесот некако е запрен бидејќи нема напредок во последните две години.

Тој потсети дека Црна Гора го отвори последното поглавје во јуни 2020 година.

-Ако видите колку напредува Албанија, колку Македонија и Србија се борат, а Црна Гора изгледа беше на мислење дека е прва и дека секогаш ќе биде прва. Сега тоа изгубено време мора да се надополни, рече Лајчак.

-Кога дојдов минатата година, кажав какво е чувството во Брисел, Црна Гора како да исчезна. Претходната влада имаше добри намери и добри документи, но немаше ништо. Црна Гора не беше видена или почувствувана во Брисел, рече Лајчак во интервју за агенцијата „Мина“.