Дали 2030-та е можен датум за проширување на ЕУ, клучно  прашање на Преспа форумот за дијалог, кој годинава се одржува во Струга.

Политичарите се избрани да ја менуваат иднината, а не историјата која треба да ја остават настрана, порача Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот меѓу Србија и Косово.