ЗАГРЕБ – Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, изјави дека не е реално да се намалат критериумите за прием на БиХ во ЕУ и истакна дека членството во Унијата не е само политичка одлука, туку и одлука заснована на исполнување на одредени стандарди.

„Решението го гледам во тоа што БиХ и другите земји кои се стремат кон членство се сè поприсутни во ЕУ, иако не би учествувале во одлучувањето. Дека се присутни во дискусиите и дека сите се навикнати на нивното присуство и дека се отвора заедничкиот пазар на ЕУ“, рече Лајчак и изјави дека со тоа де факто ќе се воведат сите земји кандидати во европскиот простор.

Коментирајќи ја идејата за „Отворен Балкан“, Лајчак рече дека се што потекнува од регионот е добро.

Важно е да биде инклузивно, да не се исклучува никого од процесот и да води кон ЕУ, да се гради врз европските вредности“, изјави Лајчак за загрепски „Вечерњи лист“.