Заложбата за адаптација на вакцината е вклучена во третиот договор со Фајзер, со кој ЕК најави уште 1,8 милијарди дози од лекот.
– Во текот на следните две до три недели, научниците ќе собираат информации за сојот Омикрон за да добијат најточна слика за тоа колку е опасна новата мутација на коронавирус, нагласи претседателката на ЕК.
Таа додаде дека во исто време Европа треба да ги засили вакцинирањето и санитарните услови.
Лајен наведе дека се планира формирање на Центар за анализа на состојбите на полето на пропаганда и хибридни закани.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека новиот сој Омикрон се шири побрзо и може да биде поотпорен на вакцините.