Почитувани, една недела по лидерската средба, а СДС уште нема став кој од двата предлозина ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа. Помина една недела, а балонот на СДС дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставниизмени под бугарски диктат издиша.

Јасно се гледа безидејноста на кираџиите на ДУИ. Наместо да ја препознаат шансата и подадената рака од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тие се однесуваат крајно недораснато во клучни моменти за државата. СДС и Ковачевски мора да одговорат, кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат.

Првиот, кој значи преодна влада без ДУИ и одложена примена на уставнитеизмени или вториот, кој значи брзи избори, а потоа барање на гаранции од Европскатаунија, финансиска поддршка за државата и барање Бугарија да имплементира барем 3пресуди на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците.

Кој од овие два предлози за СДС и Ковачевски е прифатлив? Ако СДС не ги прифати двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на идентитетот и ќе прифати нешто во тек на преговорите кое ќе го доуништи македонскиот идентитет. СДС сега треба да ги покаже своите вистински намери. Дали е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки? Дали планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега и оставајќи простор во тек на преговорите со Европската унија, Бугарија да не’ блокира секогаш кога ќе посака и со тоа да ја принудува Македонија целосно да си го уништи сопствениот идентитет?

Јасно е се како бел ден. СДС и Ковачевски не може вечно да се кријат и купуваат време. Време е да одговорат.