– Да се соочиме со суровата и брутална реалност во Македонија. Оваа неспособна влада не само што не знае туку нема ни визија како да ја поправи. Говорете за стабилна економија нови работни места, за стимулирани компании, но по однос на новите работни места, 60 илјади граѓани останале без своите работни места, а јас ќе ви го посочам и примерот од градот од каде што доаѓам од Свети Николе и од Штип како безмилосно деновиве се отпуштаат конфекциски работници и од текстилната и од кожарската индустрија и за жал ние како парламентарно мнозинство не го усвоивте амандманот кој што токму она овие работници ќе им го подобреше барем малку нивниот живот, нагласи Ласовска.
Ласовска додаде и дека со оваа власт нема стабилнна економија, јавниот долг расте, а капитални инвестиции воопшто нема.
– По однос на на она што го рековте стабилна економија, далеку сме од стабилна, историски ние сме најзадолжената држава. Ако пред 2018 година 10 проценти од буџетот се трошат за капитални расходи сега тој процент е околу 6 до 7. Нема инвестиции и нема развој. А јавниот долг никако да го спомнете, сега над 63 проценти, Светска банка предвидува и 65 и 66 проценти јавен долг,но сега се е во ред, се е мирно, нема банкротирана држава, нема грчко сценарио за разлика кога бевте опозиција.Зборувате за патишта, а јас нови патишта не можам да видам, нов клинички центар нема. Значи ниту една капитална инвестиција нема, рече Ласовска.