Општина Кочани и градоначалникот Љупчо Папазов, го креираат општинскиот буџет, согласно потребите на граѓаните, истакна Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес, претставници на повеќе месни заедници, присуствуваа на “Отворениот ден на идеи” и предложија голем број на проекти, кои ќе го подобрат секојдневието во градот Кочани. Транспарентниот начин на работење, покажува резултати, посочи таа.