Латас: ДУИ е насилна партија, тоа што го видовме вчера е сублимат на нивното сфаќање на политиката

Л
Македонија 28.06.2022. 20:07

Такви сцени не доликуваат ни на слава, ни на свадба, ни на автобуска станица, ни во канцеларија, па камо ли на луѓе кои со наши пари сме ги избрале да не претставуваат во одреден дел. Ние не видовме ништо ново. ДУИ е насилна партија, таа е произлезена од УЧК, нивната политика е насилна, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас во „Само вистина“ на Канал 5, коментирајќи го вчерашното насилно однесување на пратеникот Арбер Адеми во Собранието.

Латас потенцираше дека ние го видовме претседателот од Собрание, кој е од ДУИ како ги навредува, провоцира и навредува вработените во Собранието, како ја заклучува салата да не може да влезе опозицијата и тоа пак го видовме тоа вчера.

– Од една страна имаш вербално обраќање на пратеници од опозицијата, од друга страна имаш насилно обраќање со фрлање на предмети врз пратеници од опозицијата на човек кој треба да го преставува Собранието и што е најлошо води комисија за европски прашања. Од ДУИ партија и политика не бива. ДУИ не се заинтересирани ниту за политика, ниту за било што освен за тендери, кеш, контрола на судство и полиција и нарко дилерите. Тоа што го видовме вчера е само сублимат на нивното сфаќање на политиката. Секогаш во парламентот ДУИ е тој што ги малтретирал Македонците, што покажувал сила врз пратениците од македонскиот блок, изјави Латас.

Латас исто така потсети и дека два дена претходно го гледаме советникот од ДУИ кој е ослободен од одговорност заради тоа што тепал човек, видео снимки се презентирани, а заради него УНЕСКО покрена постапка за одземање на статусот заштитен град, но на советникот не му фали ништо.

– Тој е ослободен затоа што е од ДУИ. Државен секретар од ДУИ се закануваше дека ќе крши раце и нозе. Се случува перманентно насилство секаде во општеството на СДСМ и ДУИ, судство, невладин сектор, во парламент, секаде. Антонијо Милошоски е политички бард за овој човек од ДУИ кој залутал во политика. Не можеш на Антонијо Милошоски кој политиката ја има во малиот прст и има стаж и знаење да му се обраќаш со пцуење и закани и да фрлаш со предмети кон него. Насилно настапуваат СДСМ и ДУИ по секоја точка која е битна, рече Латас.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст