Му верувам на Христијан Мицкоски и последно нешто што би ми паднало на памет е дека некого присилувал за нешто или рекетирал, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа во врска со обвинувањата на Никоб и градоначалникот на Карпош, Јакимовски дека Мицкоски вршел притисоци.
-Јас му верувам како еден политичар кој го сметам најстручен во оваа политичка гарнитура, метар разлика па после се сите други, министри, шефови на партии и така натаму. Кога е стручност и чесност во прашање нема мерило, нема кој може да се мери со него. А некој што земал 40 милиони со оваа власт со тендери, па досега ќе беше во затвор во до сабајле, рече Латас.
Латас посочи дека станува збор за тендераши од кои сите потекнуваат од Струмица и пред се смешни се обвинувањата кон Мицкоски затоа што не се негов карактер.
-Тоа се тендераши. Прво сите тие се од Струмица. Гледаме кои се најголеми тендераши, прво Жикол од Струмица, Никоб од Струмица и сите од Струмица. Ако сакаш да го напаѓаш Мицкоски најди му нешто што е негов карактер, а да го напаѓаш за притисок и тендер е смешно, изјави Латас.
Според Латас, Јакимовски сака да има неограничена власт во општината и тоа е работа на карактер, но и тоа што ова му е последен мандат и излегува од политиката и има свои мотиви во оваа ситуација.
-Тука се работи за конфликт на интереси. ВМРО-ДПМНЕ на локални избори излезе и доби убедливо со намера да покаже поинаква политика која пред се е попродуктивна и не е корумпирана. Дали тука Јакимовски се осетил прозван не знам, но инцидентот на кој е прикажан инцидентот не е добар. Едноставно можеше да излезеш од коалиција и да речеш дека имаш идеолошки разлики, не мора да одиш агресивно со напад. Бидејќи секоја акција, дава реакција. Не е политиката само денеска, нагласи Латас.