Лавина утрово однела седум лица во Словенија. За среќа сите ја преживеале страшната несреќа, но некои се во тешка состојба. Во спасувањето на луѓето учествува и хеликоптер, но акцијата била побавна од очекуваното поради маглата.
Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа (ПУ) во Нова Горица денеска во 9 часот и 39 минути бил известен за несреќа на планината. Седум лица кои ја преживеале несреќата, но имале тешки повреди, лавината ги однела на Мала Мојстровка, изјавил Декан Божник, портпаролот на Полициската управа на Нова Горица, пренесува „Н1 Словенија“.
Според полицијата, група од седум лица се упатила кон Мала Мојстровка по сртот Жупанчич. Кога се упатиле надвор од него, ги однела лавина долга околу стотина метри. Притоа, сите лица се здобиле со телесни повреди, меѓу кои неколку лица се тешко повредени.
Воедно додаваат дека временските услови се многу лоши, бидејќи видливоста е отежната од маглата, а спасувањето на луѓето бара големи напори и одзема многу време.
Во акцијата за спасување учествуваат планински спасувачи од планинските спасувачки служби Бовец и Крањско Гора, претставници на полициската станица Бовец и полициски хеликоптер.