Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија секогаш ќе биде подготвена за дијалог.
-За жал, нашите западни пријатели не го почитуваат меѓународното право, обидувајќи се да го уништат, рече Лавров, пренесуваат руските државни медиуми.
– Имавме интензивни и детални разговори со нашите американски колеги, со другите членки на НАТО“, вели тој. Се надеваме дека се уште има шанса да се вратиме на меѓународното право и меѓународните обврски“.
Лавров истакна дека Русија „секогаш ќе биде подготвена за дијалог кој ќе не врати пред правдата и принципите на Повелбата на ОН“.