Впишувањето на Бугарите во Уставот е штетно колку и ветото. Ова го тврди основачот и претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје, Лазар Младенов за Дневник.бг.

Тој прашува дали политичарите во Софија се сигурни дека опозицијата во Македонија, поточно ВМРО-ДПМНЕ, ќе прифати таква идеја.

-Ако не прифатат, има проблем со гласањето за да стапи тоа на сила (потребно е двотретинско мнозинство во Собранието за измени во Уставот, што е недостижно без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ). Јас лично не сум за тоа. Едноставно, нема разлика меѓу нас и луѓето кои се определуваат како Македонци. Почитуваме исти дејци, славиме исти празници, пееме исти песни. Тоа само ќе доведе до нови поделби во македонското општество, вели Младенов.

Го обвини бугарскиот претседател Румен Радев дека ги изолирал, но, вели дека има доверба во новата Влада, предводена од премиерот Кирил Петков.

Софија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот.