Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за квалификациските дуели против Португалија за место на ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Германија.

На списокот се најдоа 35 ракометари. Првата средба се игра на 9 март во Скопје додека три дена подоцна е закажан реваншот на гостински терен.

Македонија веќе е на пола пат до пласман на ново Европското натпреварување, има две победи, па уште еден триумф ќе значи заверка на билетот.