Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список со играчи на кои смета за претстојниот двомеч со Португалија, во квалификациите за пласман на Европското првенство.
На скратениот список на Лазаров се наоѓаат 22 ракометари, а повик добија и двајцата ракометари на Пелистер, Мартин Велковски и Марио Танкоски, а се враќа и Цветан Кузманоски.
Првиот меч меѓу Македонија и Португалија ќе се игра на 9 март во Скопје, додека вториот меч е на 12 март.