Инцидент на Задушница во Скопје

Необичен настан го вознемири одбележувањето на Задушница на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров. Полициски службеници легитимирале маж кој изведувал верски обред, облечен во свештеничка мантија и со кандило во рака, иако не бил вистински свештеник.

Посетителите збунети, полицијата реагирала веднаш

Случајот предизвика внимание откако очевидци на социјалните мрежи објавија дека човекот нудел да „пее“ за покојници и собирал пари, оставајќи впечаток дека е дел од свештенството. Посетителите биле изненадени кога на местото пристигнала полицијата и неколкумина службеници го легитимирале и го привеле мажот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдија дека лицето е идентификувано како Б.П., кој бил затекнат при изведување на верски активности.

„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Од Министерството не споделуваат дополнителни информации, но потврдуваат дека истрагата е во тек. Случајот предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради денот и местото на настанот.