На интернет страницата „najdime.org.mk“ вчера беше објавено дека Стојкова Стојкова (35) е исчезната. Подоцна од МВР информираа дека кај нив нема пријава за таков случај.
Доцна синоќа таа самата ја демантираше информацијата преку објава на својот фејсбук-профил.
„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!! Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.
Повеќе може да прочитате од нејзината објава.