Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.02.2023) во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.