Владата утре на седница ќе разговара дали ќе му препорача на Националниот Комитет за спречување тероризам и насилен екстремизам да ги промени протоколоите за делување по зачестените дојави за бомби. Отакако ресорниот министер Спасовски најави дека испратил насоки за менување на проколите, ниту премиерот, а ниту Комитетот не одговараат на прашањата на Сител што ќе се менува.
Дражавата уверува дека безбедноста е загарантирана иако заканувачките пораки стигнуваат од странство.
Паниката кај граѓаните расте откако последните дојави беа упатени и до стамбени згради, училишта и јавни објекти каде фреквенцијата на луѓе е голема. Останува непознато дали државата ќе бара менување на пристапот и протоколоите во делот на евакуацијата, која според странските искуства не треба да биде прв чекор во делувањето.
Експертската јавност предупредува дека за ефикасно справување со сајбер нападите мора да бидат вклучени и сите капацитети на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, но и интензивно да се бара помош од странските безбедносни служби.
Во меѓувреме Црна Гора ги испраќа на онлајн настава сите ученици откако деновиве и таму се интензивираа заканувачките пораки за поставени бомби во училишта во неколку градови низ државата.
Засега македонските институции не соопштуваат како ќе биде надмоестена изгубената настава додека децата беа евакуирани по дојавите за бомби….