Лефков обвини дека СДС, Заев и Филипче стојат зад предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека Бојко Борисов се пофалил оти лично го избришал македонскиот идентитет и јазик од европската Резолуција.

„Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот“, рече Лефков.

Тој додаде: „‘Бојко љубави, те поздрави Зоки’ дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на идентитетот и јазикот од Резолуцијата на ЕП“.

„Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик. Се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа?“, изјави Лефков.

Тој потсети дека Заев го нарекувал Борисов „брат“, а Пендаровски му пренесувал поздрави со зборовите „Бојко љубави“.

Лефков рече дека истиот Заев велел оти Македонците и Бугарите се ист народ и зборуваат ист јазик.

„Кога ќе се земе сето ова предвид. Се поставува логичното прашање. Дали СДС, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на ЕП?“, праша тој.

Тој додаде дека истите структури – СДС и „бугарските печурки“ во Македонија, како што го нарече Андреј Жерновски – ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

„Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија. Тие ги штитат бугарските интереси“, заклучи Лефков.