Конечно денеска чекавме да дојде првото пратеничко прашање усмено, првото пратеничко прашање директно до премиерот, до претседателот на Влада, Ковачевски. Премиере, додека народот осиромашува, додека болните се молат за лек, учениците се молат за учебници, семејствата се борат како да набават храна во која што инфлацијата ви е над 30%, луѓето околу Артан Груби трупаат богатство. А, премиерот, односно Вие не може ова да не го гледате, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков додаде дека затоа тој прашува зошто Ковачевски молчи за богатството кое се трупа околу првиот вицепремиер.
„Зошто Владата предводена од Вас нема никаков став по бројните скандали кои излегоа во јавноста? И ова прашање си наметнува други потпрашања на кои што исто така можете да одговорите ако сакате. Како блиски луѓе на Груби добиваат акредитации за лабораторија? Како се дозволува да трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува? Како братот на Груби купува дуќан од половина милион евра кога негова фирма четири години работи со загуба? Кое е потеклото на парите? Како бирото за метрологија набавува мобилна лабораторија три пати поскапо кога е водено од директорка блиска на Артан Груби? Како грдни пари за хонорари се одлеваат од министерството предводено од Груби“, запраша Лефков.
Тој посочи дека одлуката за висината и начинот на наплатување на надоместокот за услугите што ги врши Бирото за метрологија е менувана два пати во последните две години. И тоа првиот пат непосредно пред да се отвори фирмата „Метро Лаб“ од вработениот кај Груби, која ја потпишал лично Артан Груби. И втор пат пред една година потпишана од страна на Фатмир Битиќи. Сопственикот на „Метро Лаб“, вработен кај братот на Груби иако газда на фирма за баждарење останува шалтерски вработен кај Груби една година по основањето на фирмата. А, си заминува неколку недели пред измена на одлуката за висини и начин на наплатување на надоместок на услугите кои ги врши Биро за метрологија.
„Треба да кажете дали Артан Груби два пати влијаел во две години за измени и одлука за висина на наплата за фирмите кои вршат баждарење на инструментите. Треба да кажете и како дуќан на улица „Македонија“ од 127 метри квадратни сопственост на Ветон Груби и кој што е со вредност од близу половина милион евра, од каде пари за купување на истиот? Особено ако се и земе и податокот дека фирмата на Груби е „ЕТЦ Травел“ со години работи со загуба“, заклучи Лефков.
„Второто прашање иако имавме расправа за разрешување на министерот Беким Сали, со нашите дискусии не успеавме да извлечеме еден одговор. Одговорот е следниот, министерот ви одговори на Вас, Премиере, за Вашата претходна изјава дека тешка бирократија во Македонија е виновна за смртта на Благојче Илиески. Ја загуби битката со болеста поради тоа што го чекаше лекот трикафта. Вие рековте дека сте разговарале со Беким Сали и дека за ова со оваа ситуација е неприфатлива. Еве ги фактите, факт е дека министерството за здравство уште на 27.01 побарало средства да се обезбедат за набавка за терапија, факт е дека покрај барањето на министерството за здравство Владата, ниту Вие лично не сте одлучиле да се набават тие средства“, нагласи Лефков.
Тој го запраша Ковачевски дали и покрај барањето на министерството за здравство не одобрил средства за лек на пациент со тепка болест.
Третото прашање на пратеникот Лефков е дека пет месеци некој си подигрува со системот, со лажни дојави за бомби. Пет месеци трпи и стопанството, трпат и институциите, трпат и луѓето кои што живеат во страв. Дали се организирани оперативни тимови кои што власта ги најавуваше? Дали е пристигната помош од НАТО која што ја побара Бујар Османи? Зошто директорот на ЦУК пред цела јавност кажа дека сега да има дојава за бомба во неговата зграда, ќе остане да гледа телевизија?