После заклучувањето на пратениците во македонското Собрание од страна на собранискиот спикер Талат Џафери, во јавноста се појави национален брејн сторминг со давање идеи како да се спасиме од Талат и талатираното собрание, идеи кои кои одеја до таму, на пример да дојде Крсто Миковски да ги отвори вратите или пак да користиме против пожарни апарати, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во неговото утринско гостување во „Еспресо со Златев и Боцевски“ .
Тој посочи дека потреба од сите овие досетки навистина нема и дека единственото решение за спас од Талат Џафери кој е олицетворение на власта составена од СДСМ и ДУИ се предвремени парламентарни избори.
-Јас ве уверувам дека нема потреба од сето тоа, има само едно решение, а тоа се викаат предвремени парламентармни избори, затоа што работа а е премногу сериозна за да ја спуштиме на ниво на мајтапи, да даваме досетки за тоа како можеме да се спасиме. Навистина е сериозно кога првиот меѓу еднаквите, кога спикерот на Собранието се дрзнува да прави вакви неделовнички, против уставни, против законски постапки, затоа што живееме во држава во која што ја урнисавме економијата, имаме урнисано здравство, гледаме што се случува на надворешен на меѓународен план и од друга страна, сега дозволуваме Талат Џафери, односно тоа не е само Талат Џафери, тоа се СДСМ и ДУИ. За жал, нивното грдо лице е олицетворено токму преку ликот и делото на она што го прави Талат Џафери, усмеваме да го урнисаме и она што го градевме на демократски план, рече Лефков.
Лефков вели дека ова не е прв и единствен случај каде што претседателот на Парламентот ги заклучува пратениците во сала, но овој пат благодарение на видеото објано на социјалните мрежи, целата македонска јавност имаше можност да го види недоличното однесување и постапки на Талат џафери.
-Ние алармиравме дека и претходно се случи истото, но овој пат благодарение на објавеното видео пошироката јавност имаше можност со свои очи да го визуелизира настанот со заклучувањето на пратениците. Тоа се случи на 11 овој месец кога сакавме да се пријаиме за реплика на колегата Фатмир Зендели, исто така Талат нареди да бидат заклучени вратите. Иако, ако го погледнете Деловникот на Собранието, членот 69 вели дека за реплика можете да се јавите се додека првиот репликант не започне со својот говор. Откако заврши со говорот колегата Фадил Зендели, Талат Џафери нареди “затворете ги собраниските врати“ и ние бурно изреагиравме. Меѓутоа, она што сакам да ви го кажам дека Талат Џафери е спикер, претседател на Собранието, неговите постапки, најпрво целосно ги следи режијата, кадарпт секогаш е насочен кон него и затоа јавноста не ја виде нашата бурна реакција. На овој начин се руши демократијата, затоа што тоа е највисокиот законодавен дом кој треба да биде домот на демократијата, истакна Лефков.