Талат Џафери спротивно на Деловникот за работата на Собранието ја одложи точката за гласање за потребата од отворање на уставот. Според Деловникот гласањето мораше да се случи во петокот, кога беше завршен претресот и имаше обезбедно кворум за гласање, истакна Миле Лефков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Џафери го примени членот 165 став 1 од Деловникот, иако тој регулира постапко за измени на закон, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во Деловникот.
Наместо тоа Џафери мораше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да се одложи гласање за измена на устав.
Талат Џафери свесно го прекрши Деловникот за работата на Собранието, за да им овозможи на ДУИ и СДС да останат на власт ден повеќе.
Џафери е ставен во улога на спасител на владините фотељи, прекршувајќи правни акти и процедури. Џафери е свесен дека кога и да се стават уставните измени на гласање тие ќе пропаднат, но и дека после тоа не останува ништо освен одење на избори, затоа Џафери одолговлекува.
Го повикуваме Талат Џафери да се вразуми и да ги стави на гласање уставните измени. Колку подолго власта вештачки се одржува, толку полошо за Македонија, но и толку потежок ќе им биде поразот, додава Лефков.