Периодов се соочуваме со крајно нефункционално Собрание. Се закажуваат седници, а на самите седници нема кворум за нивно одржување, рече на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков,
-Исто така, за да се покаже пред македонската јавност дека нешто се работи во Собранието се закажуваат стари седници со отворени точки, а притоа собраниското раководство не може да обезбеди ниту министри ниту заменици министри да присуствуваат на седниците и затоа точките не се отвораат со изговор дека нема претставници од Владата. Кредибилитетот на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат никакви нови закони од Владата што е знак дека оваа Влада на Ковачевски е толку заспана и некадарна што во време на криза додека други земји носат најразлични мерки за да им помогнат на своите граѓани, СДСМ и ДУИ се однесуваат како државата да цвета, а во релноста граѓаните не знаат како да спојат крај со крај. Додека цел свет се подготвува за предизвиците и кризите со кои ќе се соочиме во зимскиот период, Владата на Ковачевски нема ниту план, ниту капацитет да им помогне на граѓаните за периодот кој ни следи. Со ваквото неодговорно однесување, на граѓаните повторно како во изминатите години ќе им бидат пласирани некакви избрзани антикризни мерки кои нема да имаат никаков ефект врз животниот стандард. Цените на основните производи секојдневно си растат, а за зголемување на платите Ковачевски не сака ниту да чуе, истакна Лефков
-Откако се дојдени СДСМ на власт, слушаме како фокусот бил на надворешната политика и евроинтеграциите но никако да почнат да работат на подобрување на економијата, закрепнување на стопанството и подигнување на стандардот на граѓаните за подостоинствен живот, додаде тој.