„Овој технички маневар значи дека ние во рамките на она што го предвидува Деловникот за да можеме да ги задржиме оние критериуми кои што предвидуваат гласање на Владата во рок од три дена од поднесувањето на предлогот за изгласување на недоверба односно за да може да биде одржана седницата утре онака како што беше закажана за 11.11.2021 со почеток од 11 часот.

И поради одредени несогласувања кои што постоеја околу тоа кој се се потпишани пристапивме како пратеничка група кон едно техничко уредување на самиот поднесок. И тоа е за да бидат запазени сите процедури да се одржи онаа седница утре како што е предвидено. И беше изменето во таа насока да не има никакви несогласувања, одредени потписници од одредени политички партии од членови од опозицијата односно и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа своите потписи од Иницијативата. И тоа е се со цел како што рековме за едно техничко усогласување на некои негодувања на кој што наиде форматот на самата листа. Меѓутоа фактот е дека заедничкиот именител на листата, а тоа е гласање на недоверба на Владата останува“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Лефков додаде дека се испочитува во целост Деловникот за работа на Собранието.

„Седницата ќе биде одржана утре и на таа седница конечно ќе биде изгласана недоверба на Владата“, нагласи Лефков.
Лефков посочи дека на крајот од денот сето ова не се прави за политичките партии, ова се прави за граѓаните на Република Македонија.

„Ова се прави за народот, затоа што конечно е потребно да престанат игрите на Зоран Заев кој што дава па повлекува оставка, па се губиме во некои правни лавиринти. Интересот ве уверувам не е наш, со ова го слушаме гласот на граѓаните затоа што навистина е потребно час поскоро да се случи таа оставка. Конечно да се ефектуира за она што се зборуваше, и конечно Македонија да може да почне со некои нови поспособни луѓе, да почне да ја создава таа нова иднина, односно најпрвин да може да се избори со оние проблеми кои што ги натрупа и ги остави оваа власт“, појасни Лефков.

Лефков рече дека Талат Џафери не беше во право кога рече дека не може да биде поднесена Иницијатива, бидејќи јасен е членот 92 во Уставот кој што предвидува дека може ако тоа го предвидува мнозинството.