Во Македонија има една страшна епидемија на неспособност и криминалитет. Една многу чудна комбинација на сите носители на извршната власт, или ќе видиме крајна неспособност или ќе видиме крајна коруптивност, вели пратеникот Миле Лефков на денешната панел дискусија во организација на партијата насловен „Катастрофална меѓународна политика на Македонија“.
Лефков додаде дека владата на СДС и ДУИ врши партизација и приватизација на меѓународните односи.
Ние во Македонија видовме партизација на меѓународните односи и приватизација на меѓународните односи. Погледнете како беа водени преговорите со Бугарија, на секое прашање одговорот беше тоа е наша работа. И тоа наша работа не доведе овде каде што сме и гледате сега во собрание стигнуваат еден куп закони каде што станува збор за злоупотреба на европското знаменце. Погледнете ја само презентацијата која што ја имаше вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од скринингот на ЕУ во собранието. Скринингот е еден формален чекор во кој што треба да утврдите кои акти се транспонирани кои акти не се транспонирани. Значи не се разговараше за формалниот аспект, не се разговараше за транспонирањето, туку за уставните измени, рече тој.
Лефков потенцираше дека за разлика во другите европски држави, во Македонија единствен кој што одлучува за употреба на европското знаменце е спикерот на собранието Џафери, укажувајќи дека со тоа се злоупотребува неговата функција.
Единствен во државата кој одлучува дали да има европско знаменце или да нема е спикерот на собранието, Талат Џафери, султанска функција. И сега имаме злоупотреби видовте како ни стигнаа 5 закони. Закон за градење, закон за урбанистичко планирање, закон за работни односи со кој што воведуваат 72 часа работна недела, а ќе ве потсетам дека работното време е цивилизациска придобивка нешто за кое што се борите со векови. И тоа не е само за овој договор, кажа Лефков.
Со законот за градење и со законот за урбанистичко планирање се предвидува да важат овие закони за сите проекти од стратешки интерес, а порано во законите се пишуваше дека од стратешки интерес е изградба на државни патишта и гасоводи. Сега тоа се брише, значи проекти од стратешко значење можат да бидат автопати, гасоводи и други инфраструктурни проекти за кои ќе определи владата, а знаете што значи тоа? Ќе ви дојде инвеститор со голем трговски центар и ќе одлучи владата дека тоа е стратешки интерес, 72 часа работно време, без потреба за урбанистичко планирање, без дозвола за градење и со посебни правила како да ја изврши експропријацијата, што е спротивно на европските правила и на европските принципи, посочи Лефков.