Луѓето овде страдаат затоа што владата нема слух за нивните проблеми, изјави денеска Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населените места Кучешино, Бурилчево, Чешиново, Облешево, Бања, Соколарци и Жиганци во рамки на акцијата Ова е Македонија за сите.
Лефков посочи дека луѓето од изборната единица 3 се соочуваат со проблеми за откуп на оризот, како и со наводнување па токму поради тоа сеидбата на ориз годинава доцни, укажувајќи дека како пратеничка група ан ВМРО-ДПМНЕ поднесувале бројни амандмани во делот на инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи но сите биле одбиени од страна на власта бидејќи како што рече парите им треба за бизнис интереси.
Луѓето имаат проблем со субвенциите, имаат проблем со откупот на оризот, а година имаа бројни проблеми со наводнувањето и затоа сеидбата им доцни. Да не зборуваме за проблемите со инфраструктурата затоа што оваа општина зафаќа голема територија, 14 населени места од кои што само едно има водовод и канализација. Останатите или немаат водовод или немаат канализација. На нашите предлог амандмани за инвестирање од државниот буџет во собранието, сите до еден беа одбиени, затоа што парите најверојатно им требаа за бизнис интересите на Артан Груби и тесна клика на луѓе околу нив, додаде тој.
Лефков вели дека многу набрзо доаѓа крајот на оваа влада на СДС и ДУИ, а потоа следува одговорност.
Меѓутоа она што го порачуваат од тука е дека нивното време завршува и доаѓа време за одговорност. Сите ќе одговараат за она кое што го направиле, а овие луѓе од изборна единица 3 се луѓето кои што ќе ја зачуваат и спасат Македонија.