Тој истакна:

– Тоа ќе го направиме со тоа што ќе го продолжиме животниот век на термоцентралите во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ќе обезбедиме работа за истите до 2040 година, со тоа ќе го зголемиме производството на струја и со самото тоа и ќе влијаеме на намалување на нејзината цена. Концептот на ВМРО-ДПМНЕ не застанува тука. Имаме за цел нашите општински и градски власти да извршат бесплатен приклучок на гас до 50% од домаќинствата за еден мандат

Лефков посочи дека достапноста до гасот како енергенс ќе ги исфрли тврдите и течните енергенси од употреба, како што се дрвата, мазутот и другите енергенси со кои се греат дел од домаќинствата, а кои во значителна мера влијаат на загаденоста на воздухот во зима.

– Со вака концепираната стратегија ќе ја намалиме и загаденоста на воздухот и до 50%. Македонија нема време за импровизации. Потребни се решителни чекори напред. Време е за Македонија за сите луѓе, додаде пратеникот.